https://www.facebook.com/photo?fbid=585027486327528&set=pcb.585027539660856

06.07.2022 Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на прес-конференција изјави дека нападите на полициските службеници и на институциите не е демократија, туку вандализам и насилство.
Спасовски изјави дека биле на посета на двајца колеги, на Клиниката за неврохирургија и тие се со посериозни повреди, а другите припадници на полициската служба, после укажаната лекарска помош, пуштени се на домашно лекување.

Министерот информираше дека повредени се 47 полициски службеници и изрази благодарност за храброста и херојството на секој полициски службеник.

Подготвено од М.Н.

About Author