16.07.2022 Скопје
Најголемата опозициска партија ГЕРБ во Бугарија предложи во Народното Собрание 24 Мај да биде национален празник и да се замени со 3-ти Март со потпишување на Санстефанскиот мировен договор меѓу Русија и Отоманската империја.
Причината за промената е што на 3 Март, Бугарија требаше да изрази благодарност до Русија за ослободување од османлискиот јарем, што предизвика поделба во бугарското општество.
Петар Канев од бугарската социјалистичка партија на дебатата изјави дека 24 Мај е официјален празник на Русија, а од страна на пратеник од ГЕРБ рече дека ова е празник и во Република Северна Македонија, но додаде дека доброто е што 24 Мај обединува, а не раздвојува.
На крајот, пратениците во бугарскиот Парламент не одлучија дали 24 Мај ќе го замени 3 Март како национален празник на земјата.
Софија потсетува дека првото празнување на празникот на Светите браќа Кирил и Методиј во Бугарија, „тогаш дел од отоманската империја“, било во Пловдив на 11 Мај 1851 година по стар календар, а во новиот официјално се прославува на 24 Мај и е неработен ден за училиштата во Бугарија.
Подготвено од М.Н.