08.07.2022 Скопје
Откако Рафаел Надал се повлече од полуфиналниот настап на Вимболдон поради повреда и му овозможи директен влез во финалето на Ник Кирјос, многумина сугерираат дека има промени на правилата.
Организаторите потврдија дека ќе ги рефундираат средствата, но многумина реагираат дека Вимболдон треба да воведе правило „лаки лузер“ – „среќен губитник“, за да нема пласман во финале без одигран меч. Доколку се воведе ова правило, тогаш местото на Надал во полуфиналето би го зазел Тејлор Фриц, кој во четвртфиналето загуби во пет сета од Надал.
Поголем дел од јавноста смета дека Кирјос иако игра одлично на Вимболдон, сепак незаслужено е во финалето.
Австралиецот кој е на 40 место на АТП ранг – листата, стана најслаборангираниот тенисер кој обезбедил пласман во финалето на Вимболдон од 2003 година е Марк Филипусис.
Подготвено од М.Н.