https://www.flickr.com/photos/80038275@N00/29741491182/in/photolist-Mj9V9J-Mj9Udq-QDg19E-W2qwhY-Rjaeqo-2g2VLXS-Rgfcri-CTAWey-2ggvjdQ-2k3FQxw-REMvuM-N6vomm-QQ7gpJ-N6vouC-QQ7gyS-2ggv7Q2-RkZzjS-2kaFmZR-QtdsTC-2biTaDo-2cYLTpi-R8swU7-2ksGY9V-2d8g2vD-2cSN5A1-2ksM4s6-2ew2ByX-XFNqQW-2auWoSw-Mj9TcY-2cgGJvy-2cafboA-2aaDzD3-2bZ4Kor-2dqMN56-R8LPAC-2bnhqLg-2ePzzBz-NQvjVD-2ew2BJr-2eJXAGC-PvmxBz-2a6WT1D-2ePzvki-2ePzv2H-2cSN5Y5-2ePzvai-RaW8Mh-2cSN65h-24Cog6M

27.07.2022 Скопје

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, изјави дека на САД и се заканува иста судбина како на поранешна СССР. Главната закана доаѓа одвнатре, се имаат насоберено многу проблеми во САД, зголемувањето на криминалот, корупцијата на образовниот систем, бирократијата, високата инфлација и приливот на мигранти.

Трамп кажа дека и покрај корумпираниот државен апарат, ќе продолжи со својата политичка активност и никој нема да го спречи во тоа. Доколку јас не се справувам со оваа ситуација, нашата нација ќе биде осудена да стане уште една Венецуела или Советски Сојуз. Ние се движиме веќе во таа насока или пак се претвораме во Куба во големи размери, изјави Трамп.

Меѓу другото, Трамп истакна дека политиката кон Украина е потполно лудило и дека тоа може да доведе до војна од светски размери.

Подготви М.Н

About Author