10.07.2022 Скопје
Вчера беше пронајдено 25-годишното момче, а денес крајбрежната служба го пронајде 30-годишниот маж на 23 км југозападно од Касандра и неговата здравствена состојба по поминати скоро 18 часа на отворено море е добра.
Двајца од тројцата исчезнати македонски државјани се пронајдени, во моментов продолжува потрагата по третото лице, 28-годишниот маж, кој се уште е исчезнат, откако вчера заедно со останатите двајца влегол во немирните води на морето.
Подготвено од М.Н.