https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t1.18169-9/18274978_10213149961770667_1155986500475130799_n.jpg?_nc_cat=105&ccb=1-7&_nc_sid=09cbfe&_nc_ohc=vzLFO7RTl1kAX_bcMUm&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT-PvCEy-fJ1YT0Cd-DmPJvg87j1wbYgK42CyvDKToZ0dw&oe=62F63BCD

13.07.2022 Скопје

 

Со објава на својот фејсбук профил, поранешниот амбасадор Љупчо Арсовски напиша дека со францускиот предлог на Република Северна Македонија и се подготвува огромно предавство. Во неговиот пост се објавени неколку точки, пренесувајќи дека бугарските медиуми го објавиле „протоколот кој го крие предавничката македонска власт од народот“.

Во објавата на Арсовски стои дека протоколот е составен од преговарачката рамка за која двете страни се договориле да биде криена од народот, Македонија нема да добие датум се додека не ги исполни бугарските услови во тој протокол. Исто така, Македонија треба да го смени Уставот, да ја смени историјата во учебниците, да се сменат натписите на спомениците, за делот македонскиот јазик да биде како дијалект на бугарскиот ќе биде првично изоставен, за да нема револт меѓу народот, па потоа ќе биде обелоденето дека е прифатено да биде дијалект на бугарскиот јазик, преку декларации, затоа Османи цело време го лаже народот дека јазикот е обезбеден и дека предлогот не задира во идентитетот, а всушност е договорено да ги објават декларациите подоцна. Арсовски во објавата истакна дека мудроста е да се предвидат последиците.

Подготвено од М.Н.

About Author