18.07.2022 Скопје
Ентони Фаучи, главниот советник за здравство на претседателот на САД, изјави дека ќе даде оставка на крајот на мандатот на претседателот на САД, Џо Бајден.
Во 2020 и 2021 година беше постојано критикуван од некои републиканци околу ограничувањата за време на пандемијата Ковид-19.
Фаучи изјави дека неговата главна историска заслуга е борбата со СИДА и истражувањето на овој вирус стана негово животно дело и благодарејќи на своите заслуги и работа во оваа област, Фаучи стана раководител на НИАИД.
Фаучи е на возраст од 81 година, во федералната служба е повеќе од 50 години и има работено за седум претседатели на САД.
За време на претседателот Трамп, тој стана раководител на Белата Куќа на координативна група за борба со Ковид-19.
Подготвено од М.Н.