01.07.2022 Скопје
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, изјави дека разговорите денеска беа отворени и транспарентни и се надеваат дека брзо ќе биде заокружен овој процес. Исто така, додаде дека овој предлог е идеален и ни овозможува после 17 години влегување и треба да го фатиме последниот воз за влез во ЕУ.
Османи се обрати до Владата и кажа дека препорачува да се прифати предлогот, вклучувајќи го и ставот на експертите и истакна дека се разбира дека секое решение, предлог, којшто треба да задоволи две страни е компромисен и не е идеален само за едната страна. Но, потсетува дека бугарските позиции беа дека не треба да има македонски јазик во ЕУ и дека треба да има поглавје 35, во кое сите барања на Бугарија ќе бидат таму.
Во моментов Македонија има рамка во која има чист македонски јазик, кој станува официјален јазик на ЕУ, без никакви додавки и квалификации.
Османи посочи дека во делот на фундаменталните прашања во последниот предлог каде се патоказите по кои мораме да одиме, единствено имало акциски план за човекови права, кој според Османи, апсолутно не е спорен и во кој Северна Македонија ќе дозволи почитување на човековите права на сите етнички заедници, не само за Бугарите и тука нема ништо спорно.
Подготвено од М.Н.