05.07.2022 Скопје
На скопскиот аеродром, во еднодневна посета на Скопје, пристигна претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.
Првиот вицепремиер Артан Груби со евроамбасадорот во Скопје, Дејвид Гир му посакаа добредојде во нашата земја на претседателот на Европскиот Совет.
Неговата посета во Скопје е од големо значење бидејќи ја потврдува поддршката и посветеноста на Унијата за деблокирање на интегративниот пат на нашата земја, гарантирајќи ја содржинската коректност на францускиот предлог и решавање на спорот со Бугарија.
Вицепремиерот Артан Груби порача дека оваа поддршка треба да биде дополнителен мотив за да се донесе правилната одлука за европската иднина на Република Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.