https://www.facebook.com/photo?fbid=166375295964243&set=pb.100077753190307.-2207520000..

30.07.2022 Скопје

За време на престојот во Република Полска, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, оствари билатерална средба со министерката за семејство и социјална политика на Република Полска, Марлена Малаг.

На билатералната средба фокусот беше ставен на социјалната економија, каде министерката Малаг изјави дека во нивната земја има традиција на солидарност, а со влезот во ЕУ и носењето на законската регулатива постигнат е исклучителен напредок, со што новиот закон на кој работи полското Министерство ги вклучува темите на социјална интеграција, создавање на нови работни места и социјални услуги. Додека пак, министерката Тренчевска изјави дека во Северна Македонија социјалните услуги се потенцијал за развој на социјалното претприемништво и создавање на работни места на најранливите категории на граѓани.

На оваа билатерална средба беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и Министерството за семејство и социјална политика на Република Полска.

Воедно, на средбата се дискутираше и за темите за заштита на децата, згрижувачките семејства и елиминирање на семејното насилство и насилството врз жените, како и за поддршката на лицата со попреченост при што беа потенцирани силните напори за деинституционализацијата, креирање социјални услуги и поддршка на овие лица.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author