https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t1.18169-9/13015226_1207221359297328_5587478577898828894_n.jpg?_nc_cat=102&ccb=1-7&_nc_sid=174925&_nc_ohc=BxdjLgpDevEAX_KiEIl&tn=AhqWxSBONkE1XWV9&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT9nRVMiweICAjS2-DzvTq0AZB0xFdbjO0HCWB8Gy1AmOg&oe=62F81642

13.07.2022 Скопје

Со изјава на Милошоски, кој е пратеник на опозициската партија во Република Северна Македонија, кажа дека во моментов се соочени со уцени, но ќе се потрудат да ја разобличат штетноста на францускиот предлог.

Пратеникот од опозицијата изјави дека во моментов се соочени со уцена, но утре ќе се обидат веројатно со убави зборови да ја амортизираат и сегашната претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Воедно, додаде и дека го почитуваат нејзиното време, но си го почитуваат и нивното достоинство, свесни се што е добро, а што не е за Република Северна Македонија и сметаат дека овој предлог е понижувачки за државава.

Милошоски повтори дека за преговарачката рамка, според Уставот, надлежен орган кој што ја прифаќа или одбива е Владата, а Парламентот нема никаква надлежност за тоа. Тој истакна дека тоа што Бујар Османи и Ковачевски немаат храброст да го објават македонско-бугарскиот протокол и да има сериозна и реална дискусија, ќе се сведе на театрална козметика во Собранието пред јавноста и доколку се направи корекција со која што од предлогот ќе се исфрлат билатералниот протокол и сите други уцени, вклучувајќи ја и измената на Уставот, во таков случај би имало смисла да се дебатира и да се градат заклучоци.

Сите други заклучоци, според Антонио Милошоски би биле само платформа, алиби зад кое Владата би сакала да се сокрие и да каже дека го прифаќа францускиот предлог.

Подготвено од М.Н.

About Author