07.07.2022 Скопје
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, изјави дека истите лица што ја бранеа државата во 2001 година во кумановско Диво Насеље се мавани во вчерашните протести и виновни се тие кои раководат со погрешните политики во Република Северна Македонија.
На неговиот официјален фејсбук профил, откако во протестот беа повредени 47 припадници на полицијата, Димитриевски напиша да не се мава и фрла по полицаецот, тој не е ништо виновен, тие ја бранеа државата во 2001 година и ако е потребно повторно ќе ја бранат, препорача до протестантите да не се однародуваат, воедно истакна дека го поддржува демократскиот протест, но е против насилство, конфликт, говор на омраза и навреди на етничка основа.
Подготвено од М.Н.