01.07.2022 Скопје
Вицепремиерот Бојан Маричиќ изјави дека документите се гаранција дека Бугарија не може да стави ново вето, ако Северна Македонија ги исполни обврските од договорот, кој допрва треба да биде разгледуван. Исто така, нагласи дека се раззгледуваат сите документи во целост и тоа што е важно е дека до првата меѓувладина конференција, во форма во која ќе ја одредат, Владата да ја прифати преговарачката рамка и да почнат преговорите.
Маричиќ истакна дека имаме гаранција дека тоа што сме го прифатиле во Собрание, ќе се исполни и дека во нашата рамка уште при првиот предлог во 2020 година што не беше усвоен, беа ставени и договорот од Преспа и догововорот со Бугарија и според него, ништо не е невообичаено.
Маричиќ додаде и дека Србија со Косово имаат цело посебно поглавје, а тоа во нашиот случај го нема. Исто така, додаде и дека иако прашањата со Бугарија може да се решат, било која друга членка, доколку реши, може да не блокира, но сепак имаме гаранција на хартија дека ги имаме сите наредни чекори и Бугарија нема да може повторно да ни стави вето.
Подготвено од М.Н.