https://www.flickr.com/photos/repairgeniusorlando/32748947181/in/photolist-RTUV3n-7FfEyx-7zjxmY-dCi7Gj-2jA1AuB-2jzWju4-ctpezN-2kfPgZ2-7XoZpk-275AUco-jyrrcF-3K1QQ-2evDXbM-avHg4K-9speGs-qGwJWw-48rqrp-DnGr2M-9aWQhY-25USEYf-eyzf1K-29N5evY-4JHf1L-KMNjWE-275AUZq-dUpVka-2gsaq4z-4JCZrk-7ABFmG-83QMi5-dp9qGt-akHJTF-KMNkyb-pnygZQ-s7jFU-2mc8ytv-9ETUDj-dwxi4q-jDgBu5-26XM6YE-9xqmE3-FNV76e-fJ7aus-pkJ68R-gt5Jik-poiVtA-dePMYh-4L8JQJ-jNnxyx-dKbWCS

04.07.2022 Скопје

Малите бизниси поради поскапувањето на струјата која им создаде главоболки, кои сочинуваат најголем дел од индустријата имаат опасност од затворање на фирмите.

Се надеваат дека нема да се случи најлошото, но сигурни се дека потешко ќе се работи, обемот на производство ќе се намали, а бизнисот потешко ќе наоѓа пари за враќање на кредити и плати на вработените.

Од Владата потврдија дека до нив секојдневно пристигнуваат писма од фирми и здруженија со предлози за тоа какви анти-кризни мерки се потребни.

Бектеши изјави дека за помош на овие компании ќе се знае по ребалансот на Буџетот и додаде дека товарот од потрошувачката, не може подеднакво да го носат и оние со минимална плата и оние со милионска сума.

Од РКЕ изјавија дека со новите одлуки, цената на струјата за малите индустриски капацитети се зголеми за нешто над 40 проценти и за прв пат за фирмите се воведува и евтина струја од 22 до 06:00 часот, а наскоро ќе има и стабилизација на цената за индустријата.

Подготвено од М.Н.

About Author