09.07.2022 Скопје
Предлогот на француското претседателство за одблокирање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија продре длабоко во македонското општество. Протести, ескалации, судири, обвинувања, прес-конференции, средби, соочувања.
По искажаниот став „НЕ“, уште за време на викендот беа најавени сенародни протести на кои повикаа опозицијата на Северна Македонија, бидејќи сметаат дека предлогот ќе донесе голем пораз на целата нација. Незадоволните граѓани и опозициските партии тврдат дека со „модификуваниот“ предлог се загрозува македонскиот јазик и идентитет, додека пак функционерите од македонската Влада постојано ги негираат овие обвинувања и тврдат дека македонските национални позиции се зачувани и безбедни.
Во заедничка реакција која ја објавија Институтот за демократија и Институтот за европска политика, а е поддржана од македонската јавност е протоколот да биде јавно објавен. Францускиот предлог, односно предлог преговарачката рамка со ЕУ стигна до Собранието, за разгледување и донесување понатамошни заклучоци.
Од понеделник ќе се знае кога предлогот ќе дојде на ред за разгледување во Собранието на Република Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.