https://www.facebook.com/karateklubmakpetrol/photos/pcb.3529382773949031/3529382733949035

29.07.2022 Скопје

Тимот кој што е составен од успешни каратисти, иако се студенти, сите се репрезентативци на Северна Македонија кои ги бранеле боите на многу европски и светски првенства. Ова е второ финале во истата дисциплина на овој универзитетски тим, откако пред три години во Загреб го освоија среброто, селекторот на универзитетската репрезентација изјави дека се надеваат дека ќе го освојат златото и ќе бидат на првото место.

Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков и Димитар Илиевски го сочинуваат македонскиот тим кој што се пласира во финалето на Европската Универзијада во Лоѓ, Полска. Направија голем успех, влегоа во финалето во најтешката дисциплина, борби-екипно во машка конкуренција и заслужено е да се надеваат и да го освојат златото.

Женскиот тим во дисциплинта борби имаше една победа и еден пораз и беше елиминирана во понатамошните борби за медал. На Универзитетските игри во Лоѓ учествуваа 5.000 спортисти од 400 Европски универзитети и 40 држави, кои се натпреваруваат во вкупно 20 спортови.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *