02.07.2022 Скопје
Калин Ивановски е македонски тенисер, кој на јуниорскиот турнир од Вимблдон во 2021 година, бил поразен во осминафиналето, а истата година, тој стигнал до полуфиналето на престижниот младински турнир Оринџ Бол за играчи под 18 години, кој се игра на Флорида, САД.
Најдобар пласман на Ивановски на АТП листата е 1474 место, во двојки, најдобар негов пласман е 1565 место, додека пак негов најдобар јуниорски ИТФ ранкинг е 17 место.
Во Дејвис купот, Ивановски настапува за Македонија, каде има вкупен резултат од 5 победи и 1 пораз.
Годинава, талентираниот македонски тенисер, Калин Ивановски, обезбеди пласман во второто коло на Вимблдон во јуниорската конкуренција откако славеше и тоа со пресврт. Ивановски во првото коло славеше со 3:6, 6:4, 6:2 над домашниот тенисер Лука Поу.
Во првиот сет, англискиот тенисер направи два брејка и без поголеми проблеми успеа да дојде до водство од 0:1 во сетови, додека пак во вториот сет, Ивановски веднаш направи брејк, но потоа му дозволи на противникот два пати да го одзеде неговиот сервис и да поведе со 2:4. Но, тогаш, Ивановски се разбуди, почна да игра беспрекорно и освои четири гема по ред за 6:4 и ирамнување на 1:1 во сетови. Во третиот сет, Ивановски беше одличен и го доби со 6:2 и си обезбеди пласман во второто коло, каде ќе игра со подобриот од дуелот меѓу 11. носител, Мексиканецот Пачеко-Мендез и Базиле од Бразил.
Подготвено од М.Н.