https://www.facebook.com/photo.php?fbid=447467350727536&set=pb.100063928230945.-2207520000..&type=3

31.07.2022 Скопје

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во едно од интервју изјави дека степенот на усогласеност е околу 45 проценти, што не е малку и е навистина на позитивно ниво. Исто така, истакна дека постојат области каде што сме на исто рамниште, дури и подобри од државите кои преговараат, но сепак има и области, како што е внатрешниот пазар, на кој треба допрва да се усогласуваме.

Маричиќ додаде и дека во Секретаријатот за европски прашања секоја година се прави детална анализа на секој Извештај и дека се прави таканаречена гап анализа, увид кои мерки се позитивно оценети, кои се оценети дека треба повеќе, која според последниот Извештај покажува дека има околу 57 проценти од мерките коишто се оценети како позитивни. Воедно, најави дека следниот период ќе се фокусираат, паралелно преку Националната програма за приближување на законодавството, да се интензивира имплементирањето на законодавството на ЕУ и дека тоа е динамична работа, која зависи од капацитетот на институциите, но и од политичкиот притисок и политичката волја.

Вицепремиерот Маричиќ во врска со почетокот на уставните измени, изјави дека времетраењето на скринингот, кој според него очекува да трае 16 месеци, дава доволно простор да се отвори дијалог со политичките партии, и со пратениците за да се види кога би било тоа најлогично и најсоодветно да се направи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author