https://www.facebook.com/photo.php?fbid=631164615042389&set=pb.100044465678224.-2207520000..&type=3

19.07.2022 Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека Северна Македонија како земја го прави првиот клучен чекор на патот на преговорите со Европската Унија. Мишел потенцираше дека патот до оваа точка бил долг и предизвикувачки, но на крајот доведе до позитивно гласање во Националниот парламент, Собранието.

Шарл Мишел нагласи дека на патот кон полноправно членство во ЕУ, Северна Македонија може да смета на неговата целосна поддршка и упати честитки до властите и македонските граѓани за ова долго очекувано достигнување.

Мишел во неговата изјава додаде дека претстои напорна работа за преговарачите во Скопје, Тирана и Брисел во оваа клучна фаза, паралелно ЕУ ќе се фокусира на повторно поттикнување на процесот на проширување, дополнително ќе ја унапреди постепената интеграција и регионот веќе во текот на процесот на проширување. Исто така, додаде и дека Западен Балкан припаѓа на ЕУ и треба да се оствари тоа.

Подготвено од М.Н.

About Author