https://www.flickr.com/photos/183680612@N07/50231436701/in/photolist-2jwMf6t-2dXkexh-6g7Fd6-czKe4d-6T74xm-TRhTCZ-6ppTGx-2mTucSn-dLnmNg-7wTrx7-oPfoC-2dXkep1-ac6gr4-8YsnXb-KA2Ku-ap8ZcJ-zCtEp9-2dXkej1-pF6Z75-2hw3CQP-4ASWge-HMesgh-4ASWci-dstzsC-4BWho1-FCb8ec-FzRPPm-2awtM35-5oZGW4-KoZawf-eT6Ltm-p42vDh-29Z3kp9-aedam-vY47T-5cPkDP-fnQH2F-6eNxyo-24rNoNP-RhTcMe-6vAatG-6eNy7J-6eJpza-23vkmWa-6HRTML-aXYGBM-54jWL-9m9MW-3tjfFy-gZotdA

29.07.2022 Скопје

На социјалните мрежи се споделува видео на кое може да се види транспорт на тенковите, се наведува дека видеото е направено во Крива Паланка.

Министерството за одбрана потврди дека Македонија и донира тенкови на Украина од советската ера, бидејќи планираат да ја модернизираат сопствената армија за да ги исполнат стандардите на НАТО. Од Министерството соопштија дека Владата одлучила одреден дел од овие тенковски капацитети да ги донира на Украина во согласност со потребите на таа земја. Министерството не го соопштија бројот на тенкови што ќе ги донираат, но изјавија дека тенковите припаѓаат на т.н. трета генерација, а со оглед на развој на технологијата, неконкурентни и некомпактибилни. Од Министерството за одбрана информираат дека дополнително во наредниот период би требало да се трошат и ресурси за уништување на тенковите, што според нив е непотребна и без цел активност за Армијата.

Подготвено од М.Н.

About Author