https://www.facebook.com/photo/?fbid=584097366436031&set=pb.100045073174998.-2207520000..

06.07.2022 Скопје

Лидерот на една од политичките партии во Северна Македонија истакна Македонија да го искористи правото на вето за влез во НАТО на Шведска и Финска со јавно ставање на знаење дека причината за таквиот чекор е бугарската блокада на патот кон ЕУ на Република Северна Македонија. Воедно, објасни дека треба да се прибегне кон вето во обид за последен спас на нашата нација, бидејќи сме загрозени како никогаш до сега.

Партијата додаде дека не се изненадени од уверувањата од власта дека францускиот предлог е добар, но се изненадени како опозицијата прифатила да асистира во уништувањето на македонскиот идентитет, култура и нација. Исто така, истакнаа дека за жал оваа фајса со која ќе се стави потпис и потврда за наводната втора бугарска држава, ја играат актери кои до вчера се колнеа дека нема да потпишат и дека сега станува јасно зошто опозицијата правеше митинг и носеше автобуси пред десетина дена, а тоа е со цел да спласне гневот кај народот и сега да глумат загрижени патриоти.

Подготвено од М.Н.

About Author