https://www.facebook.com/photo.php?fbid=554667982686234&set=pb.100044291116679.-2207520000..&type=3

01.07.2022 Скопје

Георгиевски, пред почетокот на средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата, изјави дека предлогот го нема видено, но бидејќи го знае претходниот француски предлог, претпоставува дека во основа останува ист.

Во тој предлог, според Георгиевски, имало и позитивни работи и не требало во целост да се отфрли и македонскиот јазик е дефинитивно без проблем ставен во понатамошниот тек во односите за ЕУ, а тоа е многу важно.

Уште поважно е дека многу малку се става акцент во Македонија, дека со прифаќањето на предлогот во бугарскиот парламент, факт е дека тие се откажаа од претпоследниот или последниот нивен став, што беше донесен пред ветото на Македонија во ЕУ, затоа не треба да ги цениме само негативните елементи туку треба да го цениме и она што е позитивно во овој предлог.

Георгиевски истакна и дека ќе му посочи на премиерот Ковачевски дека во францускиот предлог, има и многу позитивни работи и не треба веднаш да биде отфрлен и да се изнајде решение за решавање на овој спор, но факт е дека двете страни нема во целост да бидат задоволни со крајот.

Подготвено од М.Н.

About Author