08.07.2022 Скопје
На Самитот на Г-20 во Индонезија, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, остро ги искритикува изјавите на неговите колеги од Западот и ги обвини дека ја отргнуваат темата од дискусијата за глобалната економија и ги нарекуваат Русите агресори, окупатори и други погрдни зборови.
Иако Индонезија, како земја домаќин на Самитот, ја повика групата да помогне да се стави крај на војната во Украина, во текот на дискусијата западните партии ја избегнувале задачата на Самитот и почнале да упатуваат „луди“ критики за Руската федерација, поврзани со ситуацијата во Украина.
Лавров истакна дека ако Западот сака Украина да ја победи Русија, тогаш Русија нема зошто да разговара со Западот, за кој рече дека го спречува Киев да постигне мировен договор.
Лавров изјави дека обидот за бојкот на Русија на Самитот Г-20 спектакуларно пропаднал и со тоа е навредена Индонезија и додаде дека Русија е подготвена да преговара со Украина и Турција за житото, но дека се уште не е јасно кога би можеле да се остварат такви преговори.
Подготвено од М.Н.