https://www.facebook.com/photo?fbid=588756809277530&set=pb.100044296486382.-2207520000..

02.07.2022 Скопје

Деновиве постојано се шпекулираше за идината на Кристијано Роналдо на „Олд трафорд“, како и дека неговиот агент Жорж Мендеш му бара нов клуб.

Како што пренесува „Тајмс“, Кристијано Роналдо на новиот менаџер Ерик тен Хаг и на челниците на клубот им порачал дека неговата желба е да си замине во случај да пристигне добра понуда за него и оваа реакција е последица од неодамнешната средба на Жорге Мендеш со новиот сопственик на Челси, Тод Боли кој изразил желба за ангажман на Португалецот.

Роналдо има уште 12 месеци од договорот со Јунајтед, а минатата сезона беше најдобар стрелец на тимот со 24 гола во сите натпреварувања, но „црвените ѓаволи“ имаа разочарувачка сезона која заврши без трофеј и на освоено шесто место во Премиер лигата, поради што следната сезона нема да играат во Лигата на шампионите.

Претходно, името на Роналдо се поврзуваше и со трансфери во Баерн Минхен, Реал Мадрид, Рома и Наполи.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *