https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/293592911_462742132521874_8423220930511628486_n.jpg?_nc_cat=103&ccb=1-7&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=6kwzQfyCRJgAX-2PTr2&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT9n8i2qa2MVQ72FrAgjSh6G-Wz5zqMhx-lWqqqheTnVVw&oe=62D95933

15.07.2022 Скопје

Пратеничка од опозициските редови на Република Северна Македонија изјави дека деновиве во Собранието на Република Северна Македонија присуствувале на една поинаква седница. Се одржала седница на која, според пратеничката, однародените ќе го дадат својот глас за предавство на Македонија, на Македонците и на се што е македонско, јазик, историја, култура и идентитет.

Во изјавата, пратеничката им се обрати на пратениците од власта и им посочи дека македонскиот јазик и македонскиот народ не се на продажба и дека треба да се свесни за тоа. Таа истакна и дека е против предлогот и според неа смелост и решителност е да се каже „НЕ“ на овој штетен предлог и нејзиното име нема да стои помеѓу однародените, кои вршат велепредавство на својот народ.

Пратеничката запраша како Ковачевски се дрзна да цитира извадок од романот „Пиреј“, а токму тој роман за Македонците претставува втора библија. Воедно и додаде дека некој кој става предавнички потпис за поништување на се што е свето за Македонците, не смее да ја злоупотребува македонската култура и литература, за да изрази чувства на патриотизам.

Подготвено од М.Н.

About Author