https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/294595711_594855485341516_728641211946209831_n.jpg?_nc_cat=108&ccb=1-7&_nc_sid=730e14&_nc_ohc=H7Upht1OkPgAX89VNEA&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT_klYxhDYhXWu8KPOD-gOwd32xy6kxNEkiXrzVibIUvwA&oe=62DF24BD

20.07.2022 Скопје

Косовскиот премиер Албин Курти упати честитки до Северна Македонија и Албанија за вчерашното отворање на пристапните преговори на двете земји со Европската Унија.

Курти изјави дека напредокот на Северна Македонија и Албанија кон ЕУ е значаен датум не само за тие две држави, туку и за целиот регион.

Албин Курти, премиерот на Косово, на почетокот на денешната владина седница изјави дека се радува на ова историско достигнување на двете земји и дека оваа одлука на ЕУ ја зајакнува посветеноста за реформи, кои го преобразуваат и јакнат целиот регион и уште еднаш им честита на двете земји за овој значаен датум.

Подготвено од М.Н.

About Author