Photo by CDC: https://www.pexels.com/photo/structure-of-a-coronavirus-3993212/

11.07.2022 Скопје

Веќе неколку недели епидемијата Ковид-19 „дивее“ во Франција. Јавното здравство во Франција соопшти дека бројот на откриени нови случаи кој се хоспитализирани изнесува 18 605, од кои 176 се во критична состојба. Ова е во моментот кога Европската Унија препорача втора засилена вакцина против Ковид-19, на сите лица постари од 60 години.

Во април, двете здравствени агенции на ЕУ веќе го препорачаа овој втор засилувач – во повеќето случаи четврта доза за постари лица од 80 години, но сигнализираат дека може да следи проширување за лица постари од 60 години.

Photo by Rosivan Morais : https://www.pexels.com/photo/anonymous-ethnic-tourists-walking-along-street-on-foggy-rainy-day-in-paris-4324011/

Европа се соочува со зголемување на случаите со Ковид, главно се работи за подваријантата БА.5 на Омикрон, која подваријанта е позаразна од другите. Претседателот на Научниот совет Жан-Франсоа Делфраиси изјави дека подваријантата на Омикрон, БА.5 е многу пренослива, но не е потешко излечлива. Според него моментално има од 1 100 до 1 200 класични хоспитализации дневно.

Меѓународната велосипедска унија објави дека велосипедистите на Тур де Франс го поминале тестот за Ковид, кој даде негативен резултат за целиот пелотон, по паузите што следеа во Горна Савоја, повторно беа тестирани и тројца тркачи мораа да ја напуштат трката откако испаднаа позитивни на тестот за Ковид.

Подготвено од М.Н.

About Author