https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/289828227_525201682734484_3889395612859738939_n.jpg?_nc_cat=110&ccb=1-7&_nc_sid=09cbfe&_nc_ohc=Dd0uwhIsx48AX-spd80&tn=Z_7vCC1yHiPuGhHQ&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT9updYUbIoA7mRQDpbquz73uERWxX6Oeuk_J00G2wyBvg&oe=62D1691B

09.07.2022 Скопје

Откако Мијалков и ОЈО ГОКК се спогодија да одлежи три години затвор за случајот „Империја“, во кој беше осомничен за „злосторничко здружување“ и противправно стекнување и прикривање имот, ќе му бидат запленети пари и лично негов имот во вредност од 5,5 милиони евра. Со ова Мијалков призна дека е виновен, незаконски се богател, а стекнатите приходи не ги пријавувал во ДКСК, иако за цело време додека траела истрагата за овој случај, Мијалков бил директор на УБК.

Иако тоа што ќе се конфискува не е се што поседува, од Обвинителството велат дека нема да може да го запленат целиот имот на Мијалков. Ќе му остане уделот што го има во хотелот Мериот во вредност од 3,5 милиони евра, акции во ЗК Пелагонија вредни повеќе од 700 000 илјади евра, 250 илјади евра акции во градежната фирма Бетон Штип, а ќе ја задржи и семејната куќа на Водно вредна скоро еден милион евра.

Освен Мијалков, вчера за истиот случај се спогоди и поранешниот директор на офшор компанијата „Ексико“, Тодор Мирчевски. И тој призна вина и се согласи да лежи три години затвор.

Досега спогодба не побарале само бизнисмените Цветан Панделески и Зоранчо Митровски, за кои продолжува постапката во предметот „Империја“.

Подготвено од М.Н.

About Author