https://www.flickr.com/photos/194127269@N05/51951490366/in/photolist-2n9LY89-2nqpRPv-vqheFv-2cjsMki-2mMhxrL-ZwijtN-2mtkyEf-qokM9J-YbuE2i-pgWLdD-pN6kqs-opNxnD-2mFoLhK-2nqNocL-eJXsfZ-299nUJw-brEJJ7-goHvkU-2nqH2p2-2hKjC2K-2nqDs5y-nEX6ik-goJ66F-goJ8kw-goHKWt-2njQjU5-2nqNpB4-2mQ7YTq-pWbyej-TxoJty-drWNuU-2makUpV-ZL3ZBm-9RbuqZ-2nGXKeW-zUHoyY-Hr72xM-eVyQuz-2n8Avts-2kt1j2E-2nnSsob-2nqEABT-2n5Ksct-9Rbuox-9Rbusg-2nqPtBs-pp6ENL-TxoJwu-zM1sKn-2nqNpJi

28.07.2022 Скопје

Кинескиот претседател Си Џинпинг му испрати јасна порака на американскиот претседател Бајден, дека си игра со оган во врска за прашањето за Тајван. Односите меѓу САД и Кина долго време беа затегнати поради различните перспективи околу глобалното здравје, економските политики и човековите права. Дополнително се затегнаа односите откако Кина одби да ја осуди руската инвазија врз Украина.

Последниот спор помеѓу Вашингтон и Пекинг се однесува за можната посета на претседателката на претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван, афтономен остров со демократска власт, кој добива неформална обрамбена поддршка од САД и кој Кина го смета за дел од својата територија.

Пекинг оваа посета на Пелоси ја смена како провокација и доколку се оствари посетата Кина најави силен одговор. Доколку оваа посета се оствари, Пелоси ке биде највисокот американски функционер што го посетил Тајван, предходно во 1997 година, републиканецот Њут Гингрич, кој беше претседател на Представничкиот дом на САД го посети островот Тајван.

Подготвено од М.Н.

About Author