13.07.2022 Скопје
Откако Северна Кореја ја призна независноста на двете отцепени украински кородни републики, Доњецк и Луганск, официјално Киев ги прекина врските со Северна Кореја. Во соопштение на Министерството за надворешни работи на Украина стои дека оваа одлука ја сметаат за обид на Пјангјанг да го намали суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Севернокорејската амбасада во Москва потврди дека земјата ја признала независноста на двата ентитети.
Русија која ги поддржува тие региони од 2014 година, ги призна уште пред инвазијата на Украина и тој потег Киев и Западот го осудија како нелегален.
Со овој потег, Северна Кореја е само третата земја по Русија и Сирија што ги призна двата ентитети, Народна Република Доњецк (ДПР) и Народна Република Луганск (ЛПР) во украинскиот регион Донбас.
Подготвено од М.Н.