25.07.2022 Скопје
Во текот на изминатата вечер (24/25.07.2022 година) од страна на патролни тимови во Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила. Во период од 21.00 часот до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на град Прилеп и санкционирани се 24 возачи, од кои 23 возаци биле исклучени од сообраќајот, бидејќи дел од нив возеле под дејство на алкохол, а дел без важечка возачка дозвола.
За време на контролите едно лице е лишено од слобода, бидејќи кај него била пронајдена бела тврда материја и против него ќе биде поднесена пријава под член.215 од Кривичниот законик.
Засилените акциски контроли ќе продолжат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да допринесат за поголема безбедност во сообраќајот.
Подготвено од М.Н.