20.07.2022 Скопје
На прес-конференција, министерот за здравство Беким Сали во врска со клиниката „Жан Митрев“ изјави дека експеримент е тежок збор, но ако постоело такво нешто, ќе се докаже тоа. Исто така, додаде и дека јавноста не треба да биде лошо насочена, а тие се уште не можат да дадат прецизни резултати, бидејќи поминати се само 48 часа од Инспекцискиот надзор.
Директорката на ДСЗИ, Иринка Сотировска Бухова, информираше дека во „Жан Митрев“ во последните три години се спроведени три редовни и 9 вонредни инспекциски надзори. Исто така, Бухова нагласи дека вонреден инспекциски надзор може да иницира Министерството за здравство, фамилија или застапник од фамилијата на пациентот.
Министерот за здравство кажа дека никого не заштитува и нема никаков мотив за тоа, но употребата на хемофилтрацијата како метод не е ништо ново, бидејќи ваков метод се користи и на Клиниката за кардиохирургија на Карил и додаде дека прашањето е кога и дали се користело во клиниката „Жан Митрев“ и дали користењето во рана фаза е ризична за животот на пациентите.
Подготвено од М.Н.