21.07.2022 Скопје
Италијанскиот премиер Марио Драги денеска му ја предаде својата оставка на претседателот Срџо Матарела.
Премиерот Драги ќе ја врши функцијата до формирањето на новата Влада на Италија.
Од канцеларијата на италијанскиот претседател соопштија дека шефот на државата „ја нотирал“ оставката од Драги и побарал да остане на службената должност. Исто така, во соопштението стои и дека политичката криза ги прекина месеците стабилност во Италија, за време на кои почитуваниот поранешен централен банкар Драги помогна обликувањето на остриот одговор на Европа на руската инвазија на Украина и ја зајакна позицијата на земјата на финансиските пазари.
Матарела ја отфрли оставката и му истакнал дека треба да излезе пред Парламентот, за да види дали може да ја одржи широката коалиција до почетокот на 2023 година, но Пет ѕвезди одлучиле да не го поддржат, велејќи дека тој не се осврнал на нивните основни грижи.
Подготвено од М.Н.