16.07.2022 Скопје
На официјалната страна на фејсбук на владеачката партија е објавен статус со кој ја поздравуваат одлуката на огромното мнозинство на пратеници во македонското Собрание и упатуваат честитки до сите граѓани за историската одлука на македонското Собрание, што значи продолжување на европскиот пат на државата и членство во ЕУ како Македонци со чист македонски јазик.
Од владеачката партија истакнаа дека црните сценарија и обиди за дестабилизација не успеале да ги сопрат, македонската иднина е европска, со македонски јазик, култура, идентитет.
Во статусот на владеачката партија стои и дека за оние кои во изминатите неколку дена направиле класична злоупотреба за сопствени партиски цели на еден исклучително важен, државнички процес, нека им суди историјата.
Подготвено од М.Н.