https://www.facebook.com/photo.php?fbid=614415256706466&set=pb.100044139924327.-2207520000..&type=3

26.07.2022 Скопје

Шефот на дипломатијата Бујар Османи на прес-конференција, по остварената средба со неговиот португалски колега Жоао Гомес Кравињо, изјави дека говорот на омраза не е поврзан со работата на Историската Комисија, туку како владите да отворат можност за подобри односи меѓу граѓаните помеѓу двете држави. Исто така, Османи додаде и дека сме влезени во некој негативен тренд на омраза, каде што има натпревар кој кого со потешки зборови ќе го навреди другиот, со што порача дека мора да се стопира тоа доколку сакаме да бидеме пријатели, но и сојузници во Европската Унија, затоа што нема никаков интерес да бидеме огорчени и негативни.

Според Османи, овој договор е потпишан под добра волја и затоа од таков аспект треба да се гледаат и одредбите во делот на следење на говорот на омраза.

Во наредните денови, Османи планира да оствари средба со целата Историска Комисија, со кои ќе разговара за чекорите кои ќе следат понатаму.

Подготвено од М.Н.

About Author