https://openclipart.org/detail/287250/iran-flag-stamp

12.07.2022 Скопје

Советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан, изјави дека неколку стотици беспилотни летала, вклучително и некои од дроновите кои се опремени со оружје, иранската Влада се подготвува да и испрати на Русија. Саливан додаде и дека според оперативни сознанија, овие дронови би биле испорачани во средината на јули.

Иран ќе ги обучува руските сили да користат беспилотни летала кои Иран ги има доставувано како помош за Јеменските бунтовници, кои се борат против Саудиска Арабија и кои се покажаа како многу ефикасни.

https://www.flickr.com/photos/asiasociety/26839920630

Според изјава на Мајкл Кофман, директор на истражувачката програма во Центарот за поморски анализи, руските војници за брзо време би можеле да бидат обучени за користење на технологијата, но без конкретно знаење за дроновите, тешко е да се добие точна временска рамка за нивната употреба.

Од почетокот на војната, САД одвои десетици милијарди долари за поддршка на Украина преку испораки со оружје, муниција и хуманитарна помош.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *