https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10225943121548362&set=pb.1344358114.-2207520000..&type=3

03.07.2022 Скопје

На социјалната мрежа фејсбук, Илија Димовски објави отворено писмо за министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Замисли некој да те притиска да потпишеш дека Ѓерг Кастриот е Србин, а Хасан Приштина е Турчин“ стои во објавата на Димовски, кој воедно напиша и дека одлучил да му се обрати лично, не како на министер, туку како на граѓанин со кој го дели истиот воздух, како Илија на Бујар.

Во објавата на Илија Димовски со личното обраќање кон Бујар Османи, стои дека во минатот многу пати имаат разговарано и дека е свесен дека нема да го разбере, единствено ако не сака Османи.

Воедно, напиша и дека има употребено пример со Албанците како народ и нација, не за да навреди или да се согласи со тие примери, туку за да му покаже нему и на неговите колеги што е тоа што се обидуваат да го покажат како нормално, а воопшто не е. Тој додаде и дека она што го има напишано не го посакува никому, ама не сака ниту да дозволи некој да го убедува дека ова што се случува на Македонците е базирано на нормални европски вредности, затоа што не е.

Во објавата стои и дека затоа Албанците и Македонците во овој случај треба да останат рамо до рамо и му препорача на Бујар на еден да престане да биде политичар и ќе разбере колку многу греши, се надева дека ќе го разбере и ќе размисли за своите постапки и чекори. Според Димовски прифаќањето на францускиот предлог е навреда за Македонците, а никако нема да го забрза евроинтегративниот процес, Македонците се најмал народ на Балканот, но Албанците се втор, однесувањето за историјата може да биде исто и кон нив.

Подготвено до М.Н.

About Author