17.07.2022 Скопје
Српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, откако властите во Загреб не му дозволија на српскиот претседател Александар Вучиќ приватна посета на Јасеновац, изјави дека од денес сите хрватски функционери, носители на службени или дипломатски пасоши ќе мора посебно да се изјаснат и да ја оправдаат нивната посета или минување низ Србија и ќе бидат ставени под посебен режим на контрола.
Во изјава, во која Владата на хрватскиот премиер ја нарекува „Усташка“, Вулин наведува дека на српскиот претседател Вучиќ не му било дозволено да се поклони на споменот на стотици жртви во Јасеновац, бидејќи е внук на една од жртвите. Министерот за внатрешни работи истакна дека Претседателот на Србија не смее да го посети најголемото српско погубување, а усташите денес, членки на Европската Унија, не сакаат да се потсетуваат на тоа колку деца имаат убиено.
Во соопштението од Министерството за внатрешни работи се додава дека така ќе биде се додека Вулин е министер или додека Хрватска не почне да се однесува со почит кон претседателот Александар Вучиќ.
Подготвено од М.Н.