06.07.2022 Скопје
Од Хелсиншкиот комитет го осудија секој чин на насилство и секој говор на омраза, како и повикувањето на насилство како крајно штетни и спротивни на едно демократско општество. Воедно, изразува загриженост за настаните од вчерашниот протест против францускиот предлог, кој ескалирал со насилство и употреба на говор на омраза. Апелираат сите политичари и јавни личности да внимаваат каков говор употребуваат во своите обраќања, апелираат до медиумите да внимаваат како ги пренесуваат моменталните случувања и ги повикуваат полициските службеници со должно внимание да ги обезбедуваат протестите, без пречекорување на нивните надлежности, со употреба на пропорционална сила само доколку е потребно.
Доколку во било кој момент Комитетот увиди примена на прекумерна сила од страна на полицијата, ќе покрене постапка пред надлежните институции и секако ќе реагираат соодветно на секој чин на насилство од било која страна.
Подготвено од М.Н.