https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/e/e5/Ss._Cyril_and_Methodius_University_of_Skopje.jpg

04.07.2022 Скопје

Изведен е хакерски напад на фејсбук страицата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и таа моментално е контролирана од непознат субјект, соопштија од Универзитетот.

Истовремено како што се посочува во соопштението, превземени се сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на фејсбук.

Во соопштението на Универзитетот е наведено извинување за настанатите непријатности и се оградуваат од сите објави на страницата, се надеваат дека брзо ќе се реши овој хакерски напад и повторно ќе биде превземена за администрирање од страна на службите на УКИМ.

Подготвено од М.Н.

About Author