https://www.flickr.com/photos/vladamk/42452979931

23.07.2022 Скопје

АМСМ информира дека на ГП Табановце за влез во Република Северна Македонија се чека околу 40 минути, а на ГП Богородица околу 30 минути, на останатите гранични премини нема подолги задржувања.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловозни ленти, додека пак интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е драстично зголемен.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената патна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено во котлините, речните долини и клисури, каде што има можности од појава на одрони.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *