30.07.2022 Скопје
Во пресрет на престојната зима, која како што се очекува дека ќе биде една од најтешките во последните децении, надлежните институции уверуваат дека грејната сезона ќе биде навреме почната.
Првиот човек на ЕСМ Васко Ковачевски е оптимист дека ќе има доволно јаглен за предстојната зима, а во случај на целосен застој, за кој вели дека нема да се случи, на ископите има јаглен за околу десетина дена. Според Ковачевски, резервите на јаглен во текот на есенските денови се зголемува и во Октомври кога ќе започне грејната сезона треба да има меѓу 200 и 250 илјади тони јаглен кои сто ја гарантираат сигурно производството во текот на грејната сезона. Во тек е набавката на мазут за рестартирање на ТЕЦ Неготино кој треба да почне со работа и да работи во континуитет во наредниот период.
И премиерот Димитар Ковачевски уверува дека сите капацитети на Владата се ставени во функција и се надева за успешно справување со најтешката зима.
Според најавите на првиот човек на ЕСМ, во Август треба да се објави и нов оглас за набавка околу 180 до 200 илјади тони мазут кои треба да бидат доволни за периодот од Ноември до Април наредната година.
Подготвено од М.Н.