https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t1.6435-9/127243750_3659699220742930_4447056681248056287_n.jpg?_nc_cat=101&ccb=1-7&_nc_sid=09cbfe&_nc_ohc=G7aOQDciM3cAX9Sw_Cj&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT90GQQjU3S8HGOSzSHs4vdcZ4_16AfQw9T9OVTINdMHZw&oe=62F50248

11.07.2022 Скопје

Со соопштение од надлежните служби на Град Скопје, известија дека на денешната 13та седница на Советот е донесена одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на нова детска градинка во Општина Бутел.

https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/291877968_5429016947144473_4289249870077104470_n.jpg?_nc_cat=108&ccb=1-7&_nc_sid=730e14&_nc_ohc=akhzpcm1zWMAX-i-jG6&tn=H55_O3Rr7zohmYea&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT-DxtaR-rqh5Ji9vyVJ14hB04A2oolhYwXerCoPnmUgZQ&oe=62D4F370

Во известувањето од надлежните служби на Град Скопје стои дека со оваа донесена одлука, инвеститорот Општина Бутел се ослободува од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште кон Градот Скопје, за изградбата на новата градинка во Бутел 1, бидејќи изградбата на новата градинка е од јавен интерес и исклучително важна за граѓаните во овој дел од Скопје.

Подготвено од М.Н.

About Author