29.07.2022 Скопје
Искршени автомобили и дупнати гуми, грчко добредојде за македонските туристи кои и годинава традиционално и во голем број се упатија кон Грција за да го минат летниот одмор и да ги доживеат летните задоволства како најблиска морска дестинација. Десетина возила со македонски регистерски таблички биле оштетени во текот на изминатите денови во Калитеа и во Афитос, на првиот крак на Халкидики.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од оштетените автомобили со искршени стакла и дупнати гуми, целосно демолирани возила. Јавноста е згрозена од овие немили настани и за многумина ова е уште една порака на омраза, уште една потврда дека македонските туристи не се добредојдени во Грција. На Фејзбук група „Грција во живо“ која е наменета за информации за туристите што се на одмор во Грција, споделена е и оваа информација за да бидат предпазливи и другите кои се на одмор во Грција и под објавата се нижеа коментари кои го осудиваа овој начин на вандализам и говор на омраза, жално е дека овој срамен чин на некои поединци допринесуваат целиот народ во Грција да биде окарактеризиран како таков. Се апелира доколку дојде до не вака сакан и немил настан, да се појде во полициска станица во Касандра и да се пријави веднаш со инсистирање да се прегледаат камерите на целиот пат бидејќи овој вандализам се случува на неколку локации на Халкидики.
Подготвено од М.Н.