https://www.flickr.com/photos/85301545@N08/16149667228/in/photolist-qB6gqq-2mXBSaz-2mHnG4Z-g3ocsN-iKUuij-2mXDS5M-a4sG8k-pCynqN-7V6vGd-dHSt9S-pEpS1z-2mytyh-nSVjAB-CTJf5z-cEdMQs-7V6zAo-CuQsYa-poaa3z-DjXhPi-pocDds-CuPK5F-nyDmaL-538W7K-5wtU8r-em7BiU-oHQVY6-5rwWXc-8uo7bv-pofxaS-6XLnbt-9zPZno-nddBa8-6ZyiQK-pofwtb-6BtpVN-eXrpfs-dEsv8z-6ho2T8-pCytLU-pEqbEi-pofxKE-cC45Fh-oHRmeR-poab2i-pEJ8Lh-oHRjvR-pEDXhx-poeUG1-poamC8-pEDKcv

29.07.2022 Скопје

На социјалните мрежи се објавуваат видеа во кои се гледа како пожарникарите во Турција се борат со големиот пожар, кој се поблиску е до хотелите и зградите во малиот крајбрежен град Мармарис.

Регионалната шумска управа во провинцијата Мугла соопшти дека пожарите предизвикани од силниот ветер и високоте температури кои се близу 40 степен Целзиусов ги загрозуваат хотелите и населбите во Ичмелер. Турската крајбрежна стража го обезбеди заливот и го прекина водениот сообраќај за да можат авионите и хилихоптерите полесно да собираат вода за да помогнат во гаснењето на големиот пожар кој што во моментов од брзината на ветерот побргу се шири. Од видеата на социјалните мрежи се гледа како црн и бел чад се извиваат во близина на брегот и планемите јазли се приближуваат до населените места во Мармарис.

Подготвено од М.Н.

About Author