https://www.flickr.com/photos/slworking/29034137667

24.07.2022 Скопје

Пожарот што првично избувна во близина на Националниот парк во САД, прерасна во еден од најголемите пожари во Калифорнија.

Потпаролот на Националната шума Сиера, Даниел Патерсон, изјави дека е издадена наредба за евакуација на илјадници луѓе, кои живеат на неколку милји од ретко населената рурална област.

Поради пожарот затворени се и бројни патишта, вклучувајќи го и автопатот 140 помеѓу Карстенс Роуд и Олред Роуд, кој е еден од главните патишта во Јосемит.

Патерсон изјави дека повеќе од 400 пожарникари, помогнати од хеликоптери, авиони и булдожери се борат со огнената стихија во Сиера Невадам екстремно топлото време, ниската влажност и сувата вегетација, уништена од најтешката суша во последните децении, придонесоа за избувнување на пожарот.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *