11.07.2022 Скопје
Иако по седми пат во својата кариера го освои грен слем турнирот „Вимболдон“, српскиот тенисер поради казната од минатата година доживеа пад на новата АТП листа.
Новак Ѓоковиќ и покрај победата во финалето над Ник Кирјос и титулата во Лондон, остана без можност да ги одбрани своите 2 000 поени, поради што од денес е седми тенисер во светот. Иако годинава не учествуваа на „Вимболдон“, Данил Медведев и Александар Зверев се на позициите еден и два.
И покрај забраната, русинот Медведев загуби само 180 поени поради лошиот настап минатата година.
Рафаел Надал сега е трет играч на планетата, а четврти и петти се Стефанос Циципад и Каспер Руд.
Новак Ѓоковиќ го држи рекордот по бројот на недели на првата позиција, вкупно 373, но му требаат уште четири за да се изедначи со Штефи Граф.
Подготвено од М.Н.