https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/289310291_590090802488892_964739144361751519_n.jpg?_nc_cat=104&ccb=1-7&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=vAdX5myvv30AX_717lL&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT_Ep-Ql_GOzXxUURu4l7EjEs87-oqjoTpIJ2UAE2jBbgg&oe=62D38E2B

13.07.2022 Скопје

Власта ги повика пратениците од сите политички групи да имаат одговорност пред граѓаните и наместо со блокади, преку аргументи и конструктивност да дадат придонес при усвојувањето на заклучоците околу предлогот на француското претседателство.

Од партијата на власт соопштија дека членството во Европската Унија е стратешка цел на државата, пратениците во Собранието преку усвојувањето на заклучоците имаат шанса пред целата домашна и меѓународна јавност да докажат дали се навистина за интеграција во ЕУ или побитно им е да одработуваат за нечии туѓи интереси.

Опозициската партија во Република Северна Македонија се изјасни дека нема да го поддржи францускиот предлог и изјавија дека предлогот е на штета на македонските интереси и затоа тој треба да биде отфрлен, а не да се тераат пратениците од власта на сила да го гласаат предлогот. Воедно, од опозицијата додадоа дека власта треба да знае дека што и да сака да прави, Уставот нема да може да го смени.

Станува збор за 70 пратеници од власта и од опозицијата за кои е извесно дека ќе го поддржат предлогот, а неизвесно е за четворица пратеници за кои е спорно дека во документите кои Владата ги пратила до Собранието го нема билатералниот протокол и кои како што веќе се изјаснија, бараат промена во преговарачката рамка.

Подготвено од М.Н.

About Author