04.07.2022 Скопје
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на својот фејсбук профил информираше дека францускиот предлог денеска бил претставен пред Стратешкиот Совет на Министерството за надворешни работи, со цел одржување консултации за почеток на преговорите за членството на Северна Македонија во ЕУ.
Како што напиша Османи, консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи нашата држава.
Подготвено од М.Н.