24.07.2022 Скопје
Бугарски портал во коментар посветен на стартот на преговорите на земјава со Европската Унија напиша дека единственото нешто што го доби Бугарија од францускиот предлог за деблокирање на евроинтеграцијата на Северна Македонија е вклучување на Бугарите во Уставот на земјата пред почетокот на преговорите по кластери, а не како што сакаше Скопје пред завршувањето на преговарачкиот процес за членство на земјава во Европската Унија.
Во коментарот стои и дека чиста манипулација на претставниците на властите во Софија е тврдењето дека со францускиот предлог се заштитени бугарските интереси, но вистината е друга, бугарските интереси воопшто не се заштитени во целост, бидејќи нема експлицитно вклучување на сите барања од протоколот 4+1, туку само две од нив – за вклучување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија и за ограничување на говорот на омраза и дискриминација. Де факто, овој предлог е „мачка во вреќа“ за Бугарија и само крајно неодговорните политичари би можеле врз основа на достапните информации да тврдат дека е добар.
Подготвено од М.Н.